WSOP 2011

Во 2011 година се одржа 42-от светски турнир во покер. Турнирот се одвиваше во Rio All Suite Hotel and Casino во Лас Вегас, Невада, кој започна на 31 мај, а заврши на 19 јули, 2011 година. Имаше 59 натпреварувања за бразлетни, почнувајќи од националниот шампионат и завршувајќи со $10,000 без лимит Hold’em покер (познат како „Главниот настан“).
За првпат во 2011 година шампионатот беше пренесуван речиси во живо, бидејќи како што е веќе познато, тој не смее да се пренесува во живо (поради сигурноста на играчите). „WSOP.com“ пренесувала дури 55 од сите 59 настани со задоцнување од 5 минути, додека „ESPN3“ ги пренесувала $25k хедс ап игрите, $50k PPC (Poker Players Championship) и Главниот настан (The Main Event).

Во првите 57 настани на WSOP 2011 учествувале 68,807 играчи кои претставиле вкупно 98 држави и биле доделени $127,468,010 во парични награди.

На главниот настан имал 6,865 учесници кои претставиле 85 држави од кои 4,604 биле само од Соединетите Американски Држави, додека другите 2,265 биле од државите ширум светот.
Ова се 9-те најдобри на главниот настан, односно оние 9-мина кои биле на финалната маса.

Место
Играч
Награда
1st Pius Heinz $8,715,638
2nd Martin Staszko $5,433,086
3rd Ben Lamb $4,021,138
4th Matt Giannetti $3,012,700
5th Phil Collins $2,269,599
6th Eoghan O’Dea $1,720,831
7th Badih “Bob” Bounahra $1,314,097
8th Anton Makiievskyi $1,010,015
9th Sam Holden $782,115

Коментари