Pot (Пот) – Место на масата каде се зеберени сите влогови (чипови) од играчите.
Hand (Рака) – Тоа се всушност комбинацијата од карти која ја имате комбинирано од картите во рака и картите на маса. Овој термин често се користи и како поим за еден целосен круг на делење и вложување.
Flop (Флоп) – Термин во Texas Hold’em кој го претставува делењето на трите откриени карти на масата.
Turn (Tрн) – Делењето на картата која доаѓа после флопот.
River (Ривер) – Делењето на последната карта на масата и доаѓа после Трнот.
Blinds (Блинди) – Почетен влог на чипови кои се задолжитенлни пред почетокот на секоја Рака (Hand). Тие може да бидат Големи (Big) и Мали (Small) кои имаат вредност еднаква на половина од вредноста на големата блинда.
Bet (Бет) – Влог кој го одредува секој играч доколку е првиот кој стартува со вложувањето.
Call (Кол) – Доплаќање на претходно поставен влог.
Raise (Рејз) – Зголемено вложување на влогот, во принцип на покачување на влогот на поголема сума.
Check (Чек) – Просто кажано останување во игра, ако претходно не е поставен влог кој треба да се доплаќа.
Fold (Фолд) – Откажување пред или после претходно поставен влог.
Chip Leader (Чип Лидер) – Оној играч кој моментално има најмногу чипови на масата или на турнирот.
Short Stack (Шорт Стак) – Оној играч кој моментално има најмалку чипови на масата или на турнирот.
Fish (Фиш) – Играчот кој не е професионалец и многу често губи. Може да се сретне и под поимот “Sucker”.
Showdown (Шоудаун) – После последниот кург на вложување, односно моментот кога оние играчи кои се во игра, ги покажуваат своите карти.
All In (Ол Ин) – Вложување на сите чипови кои ги има еден играч
Buy In (Бај Ин) – Одредена сума на пари која е потребна за да се пријавите на одреден турнир, или да седнете на одредена маса
Bankroll (Банкрол/Сметка) – Моменталната освоена сума на пари која ја има играчот на еден турнир или од почетокот на својата кариера.
Button (Копче) – Тоа се поставува на оној кој се смета за дилер.
Dead Money (Мртви Пари) – Откажување после претходно вложена сума на пари.
Connectors (Конектори) – Тоа се картите во рака кои се разликуваат за една вредност. Пример: Кец и Крал (А К), Џандар и Десетка (Ј 10), Осмица и Седмица (8 7).
Pocket Rockets (Џебни Ракети) – Момент кога некој во раката држи два кеца.
Snowmen (Снешковци) – Случај кога во раката се држи две осмици.
Black jack (Блекџек) – Кога раката држи Кец и Џандар