Five Card Draw

Five Card Draw е вид на покер што на секој играч се делат по 5 карти. По делењето на картите на играчите следува круг за вложување. Откако играчите ќе ги постават своите влогови, тие избираат колку и кои карти од своите раце да ги заменат. Значи кој играч колкав број на карти сакал да размени, толкав број ќе му биде поделен. По вториот круг на делење играчите повторно може да вложуваат и по завршувањето на влог кругот, тие ги покажуваат своите пет карти во рака и онаа рака која има највредна комбинација го освојува потот.

 

Коментари