Кристофер Бензимра ја освои осмата сезона на ЕРТ Шампион На Шампионите

Со 8 поминати сезони на  ЕРТ, натпреварите воодушевија повеќе од 80 шампиони. Тие доаѓаат од разни места, со разни позадини и банкарски сметки, но само неколку се Шампиони на Шампионите. Оваа недела, победникот на ЕРТ 6 Кристофер Бензимра стана еден од нив. Во последните неколку сезони, ЕРТ го организира Шампион на Шампионите настанот после големото сезонско финале.  Наградата од 100,000 евра е отворена за сите кои се здобиле со ЕРТ наслов.

Бензимра остана сам против ЕРТ шампионот Зимнан Зајард и со победа освои 35,000 евра, што всушност вреди колку учеството на деветиот сезонски турнир на ЕРТ. Французинот кој има 49 години победи дури 39 шампиони за да стигне до престолот.

„Се чуствувам фантастично! Многу сум среќен … Не играв многу оваа сезона, но следанта ќе учествувам ако треба и на секој настан“  – рече овогодишниот шампион на шампионите.

Во 2009 година, Бензимра го освои ЕРТ турнирот во Варшава и се здоби со награда од 400,000 евра и тоа само по неколку години занимавање со покерот. Иако беше отсутен во поголемиот дел од игрите оваа година, тој и пет други шампиони сега имаат многу учества за следната девета сезона на ЕРТ.

Еве како заврши последната маса и освоените награди:

1st – Christophe Benzimra (EPT Warsaw champion) – €35,000
2nd – Zimnan Ziyard (EPT Loutraki champion)- €25,000
3rd – Jake Cody (EPT Deauville champion) – €17,500
4th – Arnaud Mattern (EPT Prague champion) – €10,000
5th – Frederik Jensen (EPT Madrid champion) – €7,500
6th – Mohsin Charania (EPT Grand Final champion) – €5,000

Коментари