Крис Бон го освои главниот WSOPC настан на HARRAH’S турнирот во Филаделфија

За разлика од минатогодишниот шампионат, оваа година главниот настан во HARRAH’S во Филаделфија содржаше голем број на професионалци како Енди Френкенбергер, Денис Филипс и Брајан Девоншајр.

Како и да е, најголемата награда ја освои аматерот Кристофер Бон, кој си отиде дома со побогат буџет за $109,760 и WSOPC Main Event златен прстен. Бон е 49-годишен асистент радиолог.

Сезоната 2011-2012 ја збележи Harrah’s Philadelphia втора година како организатор на WSOP Circuit настаните. Настанот беше додаден во распоредот на WSOP минатиот април, 15 месеци откако Пенсилванските пратеници го изгласија законот за легализација на игрите на маса во државата.

Развивањето не беше изгубено на главниот WSOP Circuit настан, како 312 играчи се натпреваруваа No Limit Hold’em турнир со учество од 1,600 американски долари. Овој факт претставува зголемување за 16% од минатогодишниот настан.  Вкупниот награден фонд изнесуваше $467,055 поделен помеѓу 33 играчи.

По првиот ден останаа само 158 играчи, додека на вториот ден, по само 14 игра останаа 11 натпреварувачи. Третиот ден по само еден час игра останаа само играчите кои треба да се натпреваруваат на финалната маса.

Име

Седиште

Број на чипови

Georgia Robinson

1

68,000

Ken Silberstein

2

1,200,000

Tuan Phan

3

1,288,000

Chris Bonn

4

375,000

Coury Mascagni

5

1,080,000

John Mitchell

6

609,000

Mike Linster

7

315,000

Pete Kaemmerlan

8

280,000

Eugene Fouksman

9

1,300,00

По неколку часа игра остана само аматерот Крис Бон. Еве ги освоените места и парични награди на играчите од финалната маса.

Име

Место

Награда

Chris Bonn

1

$109,760

Ken Silberstein

2

$67,863

Pete Kaemmerlan

3

$49,288

John Mitchell

4

$36,407

Coury Mascagni

5

$27,615

Eugene Fouksman

6

$20,845

Mike Linster

7

$16,146

Tuan Phan

8

$12,695

Georgia Robinson

9

$10,130

Коментари