Во покерот постојат правила на игра и јачина на картите, односно јачина на нивното комбинирање. На пример, во тексас холдем покер, секој играч добива по 2 карти, а потоа на маса се делат уште 5 карти, но откриени. Од тие вкупно 7 карти (5 карти на маса и 2 во вашите раце) се креира најдобрата можна комбинација. За победничка рака се смета онаа рака, односно оној играч кој има највисоко рангирана комбинација меѓу картите во рака и картите на маса.
Вредноста на картите се рангира по следниов редослед, почнувајќи од највредната:
- Ace (А) – Кец
- King (K) – Крал
- Queen (Q) – Дама
- Jack (J) – Џандар/Јанк
- Ten (10) – Десетка
- Nine (9) – Деветка
- Eight (8) – Осмица
- Seven (7) – Седмица
- Six (6) – Шестка
- Five (5) – Петка
- Four (4) – Четворка
- Three (3) – Тројка
- Two (2) – Двојка
- Ace (А) – Кец. Кецот во покерот може да биде и најмал, во случај при комбинација на скала или на стрејт флеш
Овде ви е претставена јачината на картите (комбинациите) во покерот, почнувајќи од најслабата, па се до најјаката рака.
High Card – Хај Кард или најголема карта се смета највисоко рангираната карта.
One Pair – Еден пар е комбинација каде се сретнуваат две карти со иста вредност, како на пример: (А А), (3 3), (9 9), (К К).
Two Pairs – Два Пара. Комбинација каде се сретнуваат два пара на карти со иста вредност, и за победничка рака се сметаат оние два пара кои имаат најголема вредност, односно едниот од двата пара има поголема вредност од противничките два пара.
Three of A Kind – Трилинг е комбинација каде се сретнуваат 3 карти со иста вредност.
Straight – Скала, рака во која се комбинираат пет карти во редослед почнувајќи од онаа со најголема вредност. Пример: (9 8 7 6 5), (K Q J 10 9), (A K Q J 10), (5 4 3 2 1).
Flush – Боја е комбинација на пет карти кои имаат исти знак но не се подредени по редослед. Еве неколку примери: Срце(А К 10 8 2), Лист (9 7 4 3 2).
Full House – Фул Хаус. Комбинација која се составува од три карти со иста вредност, останатите две формираат пар. Пример: (ААА 99), (999 КК), (ЈЈЈ АА). За победнички фул хаус се смета оној кој има поголема вредност на трите карти. Додека ако се сретнат два фул хауса со иста вредност на трите карти, тогаш се смета вредноста на останатите две карти, т.е. која рака има поголема вредност на парот.
Four of A Kind – Четири карти или кај нас познат како Покер. Оваа комбинација се состои од четири карти со иста вредност: (А А А А 9), (8 8 8 8 К), (Ј Ј Ј Ј 2).
Straight Flush – Стрејт флеш е комбинација која се состои од Скала и Боја. Еве пример: Срце(К Q J 10 9), Треф(9 8 7 6 5), Каро(5 4 3 2 1).
Royal Flush – Ројал Флеш е најјаката комбинација во покерот. Таа се прави на ист начин како и Стрејт Флешот но само овде вредноста на најдобрата карта треба да биде кец. Пример: Лист(А К Q Ј 10), Сцре(А К Q Ј 10), Каро((А К Q Ј 10), Треф(А К Q Ј 10).