Вложување пред Флопот (Првата улица)

Вовед

Секоја рака после делењето на картите во No Limit Hold’em покерот започнува со вложување пред флопот. Овде можете да вложувате ако имате јаки карти, да се откажете ако имате слаби карти, да ја следите блиндата (почетниот задолжителен влог) ако имате средни карти или да открадете некој чип, односно да блефирате. Откако ќе излезе флопот, добриот играч треба да одигра правилно. Но пред флопот играчите вложуваат на слепо, т.е. играат само со картите што ги држат во раката. Како ќе изиграш пред флопот, зависи од тоа кој стил на игра го користиш. Секој од трите стилови на игра кои се образложени во една од претходните глави имаат различен начин на игра пред флопот.

1. Претпазливиот играч сака да игра само неколку потови. Кога тој игра, сака раката да се рангира меѓу најдобрите или онаа рака која има одлични коефициенти за игра. Сака да ја намали тешкотијата на одлуките кои ќе треба да ги донесе после флопот.

2. Агресивниот играч сака да игра повеќе раци со малку послаби карти. Сака да види повеќе флопови од претпазливиот играч и е сигурен во својата способност да ја чита масата и да се извлече себеси од втори по ред најдобри раци.

3. Супер-Агресивниот играч ќе игра многу потови, можеби дури и до 30%. Сака да откраде што повеќе потови или „за ефтини пари“ да го види флопот. Тој смета на неговата способност да му овозможи да помине лесно со рака која губи, додека краде големи потови, дали со своите јаки раци или со раците кои добиваат одличен флоп.

Основна Стратегија

Следуваат неколку совети кои покажуваат како би се играле во одредени ситуации:

1. Се наоѓаш на полна маса со 9 играчи, во раната или средната фаза од турнирот .
2. Не знаеш никој од играчите доволно добро.
3. Колку што можеш да кажеш, играчите играат на некој начин солидна, претпазлива игра.
4. Нема големи или мали конта.
5. Сите имаме многу чипови во споредба со блиндите.

Стратегијата која ќе биде објаснета е повеќе наклонета кон агресивниот стил на игра отколку кон претпазливата игра, но попретпазлива од она играта што ќе ја видите. Дизајнирана е за да ве држи подалеку од неволји, додека во меѓувреме ве осигурува во тоа дека кога останувате во игра, имате некои солидни вредности за игра. Кога ќе ја спроведеш оваа стратегија, немој да се грижиш ако се појават моменти во кои само ги фрлаш твоите карти. Тоа се случува на секој играч ако игра добро. Ако ти здосади таквиот начин на игра, треба да ги запомниш следните два факти:

1. Додека телевизискиот покер е реален покер, повеќето од раците не се прикажани. Постојат многу раци во кои играчот вложува, а сите други се откажуваат. На телевизија овие раци се прикажуваат речиси никогаш.

2. Во No Limit Hold’em, сите твои чипови се во опасност секој пат кога влегуваш во потот. Играчот кој учествува во многу потови има поголеми шанси брзо да отпадне од турнирот отколку оној кој игра само неколку потови, но ги избира внимателно.

Откако е поставена основната стратегија, ќе објаснам неколку прилагодувања кои ќе треба да ги направиш во случај ако се сменат овие предуслови. Ако си новодојден на турнирите, немој да се грижиш многу за овие прилагодувања. Ако можеш да ги научиш и спроведеш основната стратегија, ти веќе ќе играш подобро од повеќето играчи на твојата маса.

Кој е во потот?

Потебен ти е сет од критериуми ако сите се откажале поради тебе и уште еден сет ако два играчи веќе се ги зголемиле влоговите. Би било невозможно да се објаснат сите ситуации, па така да кругот е заокружен само на пет најбитни.

1. Сеуште никој не влегол во потот.
2. Играчот на третата позиција прави отварачки влог, три пати поголем од големата блинда. Ти си на петата позиција. Играчите на првата, втората и четвртата позиција веќе се откажале од своите карти.
3. Играчот на третата позиција ја следи само големата блинда. Како претходно ти си на петата позиција, и останатите играчи на претходните позиции се откажале од своите карти.
4. Ти си на копчето. Играчот на третата позиција го зголемува почетниот влог за три пати и играчот на четвртата позиција зголемува за девет пати од големата блинда. Сите други играчи се откажале претходно.
5. Ти си на копчето. Играчите на втората, четвртата и шестата позиција го следеле само почетниот влог. Играчите на останатите позиции се фолдирале.

Додека се наоѓате во овие сосема исти ситуации, дискусијата би ви покажала како треба да мислите на проблемот околу влегување во потот.

Случај бр. 1: Сеуште никој не влегол во потот.

Овој е најдобриот случај, поради тоа што никој на масата досега не покажал јачина и зголемување на влогот едноставно би го освоил потот. Да видиме како одредени типови на раци би требало да се третираат.

AA, KK, QQ: Со овие највисоки парови, можеш да вложуваш од било која позиција. Но сепак, не би требало да вложуваш во сите раци кога ги имаш овие карти. Најдборо би било да вложуваш во околу 80% од раците, додека во останатите 20% само да го следиш почетниот влог. Големите играчи после секој турнир ги запишуваат начинот на игра на некои од играчите, па најдобро е за време на турнирот да се менуваат стиловите на игра, бидејќи ако играте константо еден стил, лесно ќе бидете прочитани следниот пат кога ќе се сретнете на иста маса.
Во врска со големината на влогот, најчесто се зголемува три-четири пати повеќе од почетниот влог (големата блинда). Но повторно оваа големина не треба да биде константа и треба да има некаков баланс. Пример:

  • 35%: Зголеми три пати од големата блинда
  • 35%: Зголеми четири пати од големата блинда
  • 15%: Зголеми два пати од големата блинда
  • 15%: Зголеми пет пати од големата блинда

ЈЈ, ТТ, 99: Во раните позиции треба да играш размешена стратегија од зголемување и следење. Исто како и претходниот случај овде балансот би се одвивал од околу 70% зголемување и 30% следење. Кога зголемуваш, треба да вложиш поголема сума на чипови од најдобрите парови, бидејќи сакаш веднаш да го освоиш потот. Ако после тебе некој го следи твоето зголемување или кога се појавуваат карти со повисока вредност од картите што ги имаш, овие раци стануваат тешки за играње.

88, 77, 66: Овие раци се очигледно послаби од претходните парови и треба правилно да бидат одиграни. Секако би ги играле овие раци ако сте на некои од раните позиции, но со претпазливост. Најдобро би било да ги играте со 20% зголемување и 80% следење.

55, 44, 33, 22: Слабите парови се најопасни карти поради две причини. Тие можат да бидат победени од поголеми парови.Во случај кога тие се „одбиени“ ако на флопот се појават поголем пар. Во тој случај ти имаш два пара, но сепак некој може да прави трилинг со парот на масата или да прави поголеми два пара со останата карта од флопот.

АК, АQ, во исти знак или не: Следуваат картите кои не сврзуваат пар. Од овие, Кец-Крал и Кец-Дама се далеку најсилни и може да се играат на речиси ист начин како најдобрите парови. Без разлика дали се во исти знак или не тие можат да се играат на ист начин. За зголемување користи 75% од раците, додека 25% од нив за следење.

АЈ, АТ во исти знак: Во раните позиции, користи микс од 50-50 зголемувања и следења. Во средните позиции би било подобро процентот на зголемувањ да се дуплира за половина од претходниот т.е. 75% зголемувања наспроти 25% следења. Во доцните позиции тие се добри раци и најдобро е да се вложи многу со нив.

АЈ, АТ не во исти знак: Во раните позиции, некои од играчите би ги фрлиле овие карти. Средните позиции стануваат малце комплицирани. На третата позиција најчесто се фрлаат Кец-Десетка, додека Кец-Џандар се игра со баланс од 70% зголемувања и 30% следења. На доцните позиции најчесто се прават зголемувања на почетниот влог.

А9, А8 во ист знак: Кога стигаме до Кец-Девет и Кец-Осум запаѓаме во опасна територија. Со овие раци се размислува само на следење или на откажување, додека зголемувањето е ретко за овие раци. Во раните позиции овие карти се фрлаат, во средните позиции може да се следи почетниот влог, додека во доцните позиции, во повеќето случаеви се проследени со зголемување, а во помал број од случаите само се следи блиндата.

А9, А8 не во ист знак: Откажи се од овие раци во раните позиции. Во средните позиции се до четвртата сеуште би било добро да ги фрлиш овие карти. После четвртата позиција можеби би сакал да го освоиш потот и користиш микс од 70% зголемувања и 30% следења. Во доцните позиции секако сакаш да го освоиш потот, па играш 90% зголемувања и 10% следења.

А7 и помали, во ист знак или не: На тешки турнири овие карти би се играле само ако се наоѓаш на „копче“ позицијата и тогаш би можел да следиш или да зголемуваш. Додека на послаби турнири овие карти се играат некаде после петата позиција и се балансирани со 50% зголемувања и 50% следења.

КQ, KJ, QJ, во ист знак или не: Овие раци се многу примамливи за почетниците, кои ако видат дека држат две слики во раката мислат дека имаат добра рака. Додека овие карти се играат на сите позиции, сепак мора да бидат претпазливо одиграни.
На раните позиции се фрлаат комбинациите Крал-Џандар и Дама-Џандар, без разлика дали се во ист знак или не.
Во средните позиции овие раци имаат поголема шанса за успех, па затоа подобрите од нив се играат со околу 50% зголемувања и 50% следења. Во доцните позиции би било добро да се зголемува со било кои од овие раце, со цел да се освојат блиндите.

Конектори во ист знак:Добро ви е познато дека конектори се карти со вреднос една по друга (Т9, 76, 43). Овие раце не ги играат сите играчи, но ако сакаш да ги играш најпожелно е да ги играш појаките конектори и тоа во последните седишта од средната позиција или во доцните позиции. Ако се наоѓаш на крајот од средните позиции ти би сакал да играш 50% со зголемување и 50% со следење, додека ако се наоѓаш на доцните позиции и би сакал да го освоиш потот тогаш зголемуваш во 80% од рацете, а следиш само 20%. Конекторите во ист знак послаби од 76 и 65 речиси не се играат никогаш.

 

Случај бр. 2: Играчот на третата позиција прави отварачки влог, три пати поголем од големата блинда. Ти си на петата позиција.

Ако зголемувачот е познат супер-агресивен играч , тогаш пре-зголемуваш со со било која рака што овозможува  отварање на влог од твојата позиција. Исто така можеш да следиш со рака  која е малку подобра од раката која може да отвори влог.
Ако зголемувачот е солиден, претпазлив играч треба и ти да бидеш повнимателен. Сега ти се потребни појаки раце за пре-зголемување. За само да следиш, ти требаат раце појаќи од потребните за отварање на влог.

Држење на парови: Со Кецови или Кралеви, би сакал во повеќето случаи да зголемуваш. Добро би било ако процентите се 85% за зголемување и 15% за следење. Со пар Дами повторно играш со поголем процент за зголемувањата, 70% – 30%. Со Џандари и Десетки, повторно имаш поголем процент за зголемување, 80% – 20%. Средните парови од Деветки до Седмици се обично следечки парови, додека од Шестки до Двојки, ги фрлаш.

Држење на „секира“: Кец-Крал е вреден за следење без разлика дали се во ист знак или не. Со Кец-Дама, би било добро да следиш само ако се во ист  знак, додека ако држиш комбинација на Кец-Х послаба од претходно спомнатите и ако играш против добар играч, тогаш најдобро е да се откажеш од  раката.
Против играч кој е агресивен и слаб пре-зголеми со коминациите од Кец-Крал до Кец-Десетка.

KQ, KJ, QJ: Овие се просто примамливи раце ако следат претходно зголемен влог. Во повеќето случаи те носат во стапица па затоа е најдобро да ги фрлиш.

Конектори во ист знак: Откажи се веднаш од сите во овие ситуации.

 

Случај бр. 3: Играчот на третата позиција ја следи само големата блинда. Ти си на петата позиција

Да се соочиш со следач е многу полесно отколку да се соочиш со зголемувач. Следењето не претставува некој голема закана па затоа и не ти се потребни многу јаки карти за да ја одиграш раката. Главното правило е: Со некои исклучоци, можеш да ги играш истите раце против следач со кои можеш да отвориш влог.

АА, КК, QQ: Најдобро би било да зголемуваш со овие најјаки пара. Како претходно, доброто зголемување би било три до пет пати повеќе од големата блинда. Иако во Случај бр. 1: Се предлага во некои ситуации, со овие карти, само да се следи, во овој случај следење не доаѓа во предвид. Ако некој претходно го следи почетниот влог (големата блинда), тоа само ќе ги охрабри и другите играчи да ја следат истата постапка, т.е. само да следат, што во твојот случај со овие раце не би ти било во прилог. Оваа ситуација би била добра само ако некој после тебе го зголеми почетниот влог.

ЈЈ, ТТ: Третирај ги овие карти како најјаките парови и зголемувај со нив. Како претходно не сакаш да се соочиш со гужва, односно со пот во кој има многу играчи, па затоа е најдобро да направиш голем влог.

99: Играј ја оваа рака но со 50-50 баланс од зголемувања и следења.

88 до 22: Во оваа ситуација, малите парови бенефицираат од таканаречениот „ефект на чадорот“. Со еден екстра следач во потот, следењето со мали парови те донесува во подобра ситуација. Како резултат можеш да следиш со Осмици, Седмици и Шестки. На позицијата на „копчето“, само би платил со овие раци. Со послаби парови, сакаш на флоп да добиеш трилинг или едноставно да добиеш добар флоп.

АК, АQ: Со Кец-Крал комбинацијата, зголеми го влогот, без разлика дали се во ист знак. Ако држиш Кец-Дама, зголеми ако се во ист знак, а само следи ако не се во ист знак.

АЈ, АТ: Следи со Кец-Џандар. Со Кец-Десетка следи ако се во ист знак, а ако не се, откажи се.

А9 до А2: Фрли гисите овие раце. Ова изгледа повеќе како претпазлива игра, но ако ги играш овие раце, често ќе се најдеш во ситуација против играч со Кец и подобар кикер од твојот.

KQ, KJ: Со Крал-Дама во ист знак се следи. Ако не се во ист знак откажи се. Крал-Џандар се игра само ако мислиш дека играчот којшто зголемил е слаб.

Конектори во ист знак:Откажи се од сите. Проблемот е во тоа што сеуште немаш доволно играчи во потот. Најдобро е само кога си последниот кој може да вложва, а претходните играчи само го следеле почетниот влог.

 

Случај бр. 4: Ти си на копчето. Играчот на третата позиција го зголемува почетниот влог за три пати и играчот на четвртата позиција зголемува за девет пати од големата блинда.

Еден играч со својот влог изјаува дека има добра рака, друг со уште поголем влог изјавува дека има уште појака рака. Под овие околности што ти е потребно за да влезеш во потот? Ти треба монструозна рака. Првиот може да блефира, но сигурно вториот не блефира.

АА, КК: Пре-зголемување со кецови е презабележително. Ова сценарио е најпогодно за пар кецови. Сепак може да зголемиш со пар кралеви. Некогаш некој од тие два противника може да држат два кеца во рака, така да ти нема да бидеш задоволен со тоа. Сепак зголемување со Кралеви може да ти донесе голем профит, бидејќи обично претходните играчи зголемуваат со пар кецови до пар дами или имаат Кец-Крал комбинација.

QQ: Пар кралици во овој случај заслужува да се игра со следење. Ако не излезе ништо на флопот или ако се соочуваш со ол-ин влог, тогаш си во тешка ситуација. Но доволен коефициент на потот, може да се смета како добра разумна игра.

Сите останати: Едноставно се откажи од нив.

 

Случај бр. 5: Ти си на копчето. Било кои три играчи на претходните позиции го следеле само почетниот влог.

Оваа ситуација се појавува секогаш во онлајн игрите, но не многу често во реалниот покер.

АА до ТТ: Зголеми многу со овие раци, можеби четири до пет пати повеќе од големата блинда. Оваа е многу погодна ситуација за тебе. Во многу ситуации ова ќе биде забележано како обид за крадење на потот.

99 до 22: Со овие раце би било најпаметно само ако следиш. Ако добиеш трилинг на флопот, имаш големи шанси за да го освоиш потот. Ако не добиеш ништо, играј ја раката без да инвестираш многу.

АК, AQ: Со Кец-Крал можеш да зголемиш. со Кец-Дама зголеми ако се во ист знак, а ако не се само следи го почетниот влог.

„Секира“: Со Кец-Џандар и Кец-Десетка следи го почетниот влог, без разлика дали се во ист знак или не. Со кикер помал од Десетка може да се следи само ако тие се во ист знак. Во друг случај би се откажал од раката.

Конектори во ист знак: Тие се многу добра рака во овој случај и правилно е ако се следи со вакви конектори се до Петка-Четворка комбинација.

Конектори во различен знак: Исто како и преходниот случај со конекторите во ист знак.

Други раце: Со Крал-Џандар вреди да се следи овде. Било што послабо од Крал-Џандар, би фолдирал.

Коментари