Секое успешно обложување е базирано на една основна идеја – да се направи добар облог ако е добар коефициентот. Овде спаѓаат два клучни факти:
1. Колкава е шансата за да го освоиш влогот?
2. Колкав е коефициентот на добивка ако добиеш?
Кога коефициентот на добивка е поголем од шансата за освојување на добивката, тогаш имаш позитивен влог. Ако коефициентот на добивка е помал од шансата за освојување на добивката, тогаш имаш негативен влог, односно имаш поголеми шанси да го изгубиш потот.
Анализирање на влог во покерот: Двете Партии
За да се анализира дали влогот е добар или лош, потребно е да се знае коефициентот на исплата ако добиеш и шансите за добивка. Во покерот, коефициент на потот (коефициент на добивка) претставува колкав е коефициентот на потот за добивка. Колкав е потот и колку те чини за да продолжиш да играш? Со тоа можеш да одлучиш дали е профитабилно да се влезе во потот или не.
Коефициент на потот (коефициент на добивка)
Ако твојот противник оди ол-ин, или направил влог кој е последен за оваа рака, тогаш коефициентот на потот е лесно да се пресмета. Единствена пресметка е онаа каде што треба да се пресмета колку е голем потот во споредба со износот потребен за да се следи и се добива резултатот за добивка, односно коефициент на потот.
Пример: Потот моментално содржи 900 чипови. Ти имаш останати уште 600 чипови и си во рака со уште еден играч. Другиот играч ги внесува своите 1,000 чипови со што те става тебе ол-ин.
Одговор: Штом имаш уште 600 чипови, твојот противник всушност внесува само 600 чипови во потот. Потот на кој се спротивставуваш има 1,500 чипови и те чини 600 чипови за да следиш. Тогаш коефициентот на потот е 1,500 спрема 600, скратено тој изнесува 2,5 : 1
Изразени коефициенти и индиректни коефициенти
Коефициентот 2,5 : 1 во претходниот пример ги претставуваат изразените коефициенти, кои се всушност прикажани од потот. Исто толку битни се индиректните коефицинти, а тоа е коефициентот на потот на крајот од вложувањето.
Во многу раци, изразените коефициенти нема да го одредат следењето на влогот, туку тоа ќе го направат индиректните коефициенти. Во no limit hold’em покерот, во повеќето случаи е правилно да се прифати малку негативен изразен коефициент за да се извлече монструозна рака која може да ги освои сите чипови на 5-та улица (риверот).
Анализа на рацете
Калкулирањето на коефициентот на потот е доволна работа. Погледни го потот, погледни ја сумата на чипови потребна за да се следи влогот, подели ги двете суми меѓу себе и пресметката за коефициентот на потот е готова. Ако коефициентот на потот е наука, анализата на раката е уметност. Овде треба да откриете кои раце ги игра твојот противник, кои влогови ги прави, колку често игра такви раци и на крај дали си во можност да да победиш таква рака. На крајот од овој процес, ќе имаш можност дали можеш да ја победиш таа рака. Во секој случај ќе биде тешка одлука, заснована на информациите за овој противник во оваа ситуација. Но ќе ти даде бројка за споредба со коефициентот на потот кој веќе го знаеш и во повеќето случаи, споредбата на овие две бројки ќе ти даде сликовита претстава за тоа која одлука би била најдобра во оваа ситуација.
Некои стандардни „Пред-Флоп“ можности за добивка.
Ако некој играч влезе ол-ин пред флопот, треба да знаеш дали можеш да го победиш со комбинацијата на картите кои ги држиш во рака. Овде спаѓаат најчестите, заедно со нивните можности и коефициентот на добивка или пораз кога картите се покажуваат на крајот од петата карта на масата (риверот).
1. Висок пар против низок пар. Високиот пар има околу 82% шанса за добивка или околу 4,5 : 1 коефициент на потот. Најдобрата ситуација за високиот пар е кога тој има блиска вредност со нискиот пар. За пример да земеме во предвид пар Кралеви е за малку подобар од пар Дами отколку против пар Деветки, бидејќи кралевите учествуваат во потенцијална скала на дамите. Присутноста на честите знаци помага при победувањето со повисок пар.
2. Пар против две високи карти. Оваа е вообичаената „тркачка“ ситуација која се гледа често во ол-ин шоута во без-лимит покерот. Парот има околу 55-45% шанси за добивка. Тој е подобар ако има блиска вредност до повисоките карти, бидејќи може да елиминира можна скала.
3. Пар против две ниски карти. Всушност оваа ситуација е подобра отколку висок пар против низок пар. Зголемената шанса за да се направат два пара и зголемената шанса за да се направи скала има голема можност да победи трилинг. Коефициентот за повисок пар е околу 5 : 1.
4. Пар против Висока карта и Ниска карта. Парот има поголема добивка во однос 5 : 2. Шансата за можна скала се анулира бидејќи двете карти имаат далечна вредност, но постои 30% шанса за да се вклопи пар со повисоката карта која е доволна за победа.
5. Две високи карти против две ниски карти. Шансите за добивка се во корист на двете високи карти и се однесуваат 5 : 3. Статистиката секогаш ги изненадува почетниците, кои кога ќе видат Кец-Крал против Осум-Шест, мислат дека Кец-Крал комбинацијата имаат многу голема предност. Но кој и да направи пар, победува и предноста ја има Кец-Крал комбинацијата кога и двете раци немаат сврзано ништо.
Пресметување на излезите
Ако мислите дека после флопот ви требаат подобри карти на масата за победа, тогаш треба да си ги пресметате излезите. Излез всушност претставува картите кои се прикажуваат на масата (оние кои ги дели дилерот), односно картите во шпилот кои се поставуваат на масата. Пресметување на шансата за излез треба да биде поголема за да може да биде поголема и шансата дека ќе се појави потребната карта.
Кога се калкулираат излезите, секогаш имајте на ум дека е нецелосен бизнис. Ако твојот противник те мести со фул хаус или покер (четири исти карти), што ти веруваш дека е излез може всушност да бидат картите кои ќе те доведат до губење на твоите чипови. Но од друга страна добро е да се знае кои карти и колку од нив има на располагање кои можат да ти донесат победа.