Читање на масата

Во покерот не треба да се трудиш да имаш само добра игра. Треба да се трудиш и за тоа, твоите стратегии и игра да бидат невидливи за противниците, додека треба да читаш нивните мисли, за да можеш да му се спротивставиш. Балансирање на сите овие цели е тешко нешто за постигнување. Потребните работи за набљудување се: Физички изглед, Шемите за влог и Твојата персона.
За оваа глава имате цела книга напишана од Мајк Каро – Книга за прикази (Mike Caro – Book of Tells)

Физички изглед

Физичкиот изглед ги опфаќа физичките активности на играчите, односно за подетално да ви објаснам, тие се поделени на 3 категории: 1. Личен израз, 2. Основен говор на телото и 3. Движење на рацете.
Од овие три, Ден Харингтон, најизразито го смета движењето на рацете. Иако повеќето играчи гледаат изразит на лицето да не биде приметлив, сепак не обрнуваат внимание на движењето на рацете, особено кога вложуваат чипови во потот. Личниот изглед и говорот на телото се во многу случаеви лажовити, но препорачливо е да ги забележувате и нив, но според Ден, движењето на рацете е најприметливо. Исто така тој си има поставено и две корисни правила кои всушност се:

1. Ако играчот се чини слаб, би обрнал поголемо внимание на сумливиот изглед. Добар играч, рутински би трошел повеќе време за читање на играчот и прикривање на своите особини отколку послаб играч. Така да ако добиеш нешто што претставува приказ на играта, тогаш си во сомневање. Ако ја добиеш истата претпоставка од некој кој всушност „се чита како буквар“, тогаш ќе реагираш многу побргу.

2. Слабото се смета силно, а силното се смета слабо. Oва правило е извадено од книгата на Каро и е најкорисно при читањето на игра на непознат играч. Кога луѓето сакаат да го прикријат својот стил на игра, тогаш тие регаираат спротивно од тоа што го мислат. Преправањето е многу корисна особина, која може да го замисли било кој свесен ум.

Сите професионални играчи на покер се обидуваат максимално да ги намалат своите видливи постапки. Постојат неколку начини како да се постигне тоа. Едниот начин е Роботскиот пристап: каде што твоето лице станува маска, а твојот глас станува монотоничен, барем додека се игра раката. Другиот е манијачкиот метод, каде што правиш секакви приметливи знаци, измешани со луди потези. Поентата е да се преполни противникот со траги, така што нема да бидат способни да откријат што се случува. Овој пристап може да биде доста ефективен, но тешко кој може да го изведи.

Шеми за влог

Уште еден битен фактор при одредувањето на играта на еден играч е следењето на нивните шеми за вложување. Во колку потови имаат влезено, кога имаат силна рака дали вложуваат многу или малку, колку вложуваат кога имаат слаба рака, кога ќе им го зголемите нивниот влог дали тие се повлекуваат или се трудат да го освојат потот.

Некои основни правила за почетници

Почетниците во покерот уште од почетокот неможат да ги следат сите правила, па затоа Ден Харингтон ги поставува основните правила за почетниците, односно што најпрвин да следат.

1. Колку раци имаат одиграно? – Со следење на тоа колку потови играат, можеш да ја одредиш силата на почетните раци. Ако играат по една или две раци во една рунда, тогаш тие се претпазливи играчи. Ако се вмешани во 3 до 4 раци на рунда тогаш се агресивни или супер-агресивни, а веќе ако ги играат сите раци или повеќе од 4, тогаш тие само си ги фрлаат чиповите.

2. Кои карти ги покажуваат? – Покажувањето на карти е рудник за информации. Не само што гледате кои карти ги држеле во рака, туку и ако имате добра меморија, ќе запомните како ги изгирал тие карти. Дали следеле или вложиле пред флопот? Ако се вложиле, колку чипови се вложиле? Колку јака била нивната рака после флопот и како изреагирале на тоа? Дали играат банво на монструозна рака, или блефираат на слаби карти? Колку повеќе информации запомните од овие наведенив, толку подобро.

3. Дали се следачи или вложувачи? – Дали тие влегуваат во потот со влог или само се прикрадуваат со следење? Оние кои повеќе следат отколку што зголемуваат, во суштина се слаби играчи. Додека играчите кои повеќе сакаат да зголемуваат отколку да следат, може да бидат силни и опасни; барем нивното срце е на вистинското место.

4. Како регираат кога некој ќе го помине врвот? – Можат ли да поднесат големо зголемување на нивниот влог, или ќе се повлечат од игра? Ваквото знаење може да донесе добивка во понатамошното играње.

Сите овие информации се наоѓаат на масата и се бесплатни. Секогаш кога не учествувате во некоја рака, бидете зафатени со набљудување и запомнување. Но има уште еден совет за почетниците. Некои играчи се читаат лесно, други потешко. Кога ќе прочитате некој играч, ќе бидете горди на самите себе и ќе бидете во најдобро расположение. Но тука доаѓа тешкиот дел дека можеби не сте вие единствените кои успеале да ја прочитаат играта на тој играч.

Набљудувајќи се себеси

Додека претпазливо ги набљудувате противниците на вашата маса, најпотребно е да обрнете внимание и на вашето однесување. Играч Х седи десно од тебе, може да игра само 10% од раците кои ти ги играш. Но ти ќе бидеш вклучен во 100% од раците што ги играш и што прават твоите противници во тие моменти, што всушност ти го набљудуваат твојот начин на игра. Така да треба да си поставуваш неколку прашања:

1. Колку раци имам изиграно?
2. Кои раци ги имам играно докрај (кои карти ги имам покажано)?
3. Што би помислил добар играч за мене во овој момент?

Само тоа што пробувате да играте одреден стил не значи дека ќе бидете тешки за прочитување. Затоа најбитно е секогаш да ги менувате стиловите на игра и да играте спротивен стил од оној на вашиот противник.

Коментари