Ако првиот ден ги претставува играчите, вториот ден ги претставува потенцијалните победници. По вториот ден чип лидер е унгарецот Балац Ботунд, кој во вчерашниот ден им задаваше главоболки на играчите на неговата маца.
Тешко е да се игра против играчот со најголемиот број на чипови на масата, но е невозможно да се игра против играч кој има за 10 пати повеќе чипови од тебе. Ботон вчеравечер ги доминираше сите играчи на неговата маса.
Истото го правеше и Рони Кајсер една маса понатаму. И тој, исто како Балац беше пекол за играчите кои беа на иста маса со него, господареше речиси со се, па затоа и е сега второ рангиран со 505,900 чипови.
„Денот беше како рингишпил. Почнав со 90,000, паднав на 30,000, потоа се искачив на 120,000, пак паднав на 30,000 па победив со џандари на крала и се искачив на 80,000. Потоа изиграв неколку добри раци и собрав вкупно 240,000 чипови. Потоа отидов ол-ин со кецови против кец-крал и џебни осмици и освоив пот од 500,000. Тоа беше тоа“ – изјави Кајсер на крајот од вчерашниот ден.
Меѓу оние со најголем број на чипови се најдоа и Дејвид Вамлу, Лив Боири, Андре Бенели, Даг Павлович и Ник Јанис, како и поранешните шампиони Бертранд Госпелиер, Николас Чаути, Мартин Фингер, Роберто Романело и Руперт Елдер.
Од турнирот одпаднаа Патрик Антониус, Крис Мурман, Хит Херинг, Виктор Рамдин, Мелани Вајзнер, Алекс Каравченко, Лука Пагано, Фатима Мореира де Мело, Кевин МекПии, Јуџин Катчалов и Ондреј Винкларек, се сите кои испаднаа во првиот ден.